Достапни линкови

logo-print

Груевски во Тампа ја почна посетата на САД


Владината делегација, предводен од премиерот Никола Груевски, со презентација на можностите за инвестирање во Македонија пред американски бизнисмени во Тампа, ја почна посетата на САД. Делегацијата во Тампа присуствуваше и на конвенцијата на Републиканската партија каде што имале многу контакти со политичари и бизнисмени.
„Задоволни сме што интересот за Република Македонија е голем, имајќи го предвид тоа што го слушаат инвеститорите за нашата држава, како ниските даноци, најатрактивниот даночен пакет во Европа, одржливата макроекономска политика“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Како што е најавено, македонската владина делегација ќе посети и неколку други градови во САД за да ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија, а треба да присуствува и на конвенцијата на Демократската партија.
XS
SM
MD
LG