Достапни линкови

Светска Банка: храната во јули поскапа за 10 насто


Светската Банка вчера соопшти дека сушата во САД и источна Европа предизвикала пораст на цената на храната за 10 насто во јули годинава. Најголеми се штетите кај пченката.
Единствено цената на оризот е падната за 4 проценти. Претседателот Џим Јонг Ким изјави дека порастот на цената ќе влијае негативно врз здравјето на милиони луѓе. Според Светската Банка, Блискиот исток и Африка се најпогодените зони.
XS
SM
MD
LG