Достапни линкови

ООН бара поголема хуманитарна помош за Сирија


ООН побара поголема хуманитарна помош за Сирија. Заменик-генералниот секретар на ОН, Јан Елисон, изјави дека во јули било дистрибуирано помош во храна на 820 илјади луѓе, за разлика од април кога стигнала помош до 250 илјади лица. Елисон рече дека предлозите за поставување на безбедни зони во Сирија за да помогне во завршувањето на 17-месечниот конфликт покренале "сериозни прашања" кои ќе треба да се проучат внимателно. Тој говореше на состанокот на Советот за безбедност на министрите за надворешни работи чиј фокус беше олеснување на хуманитарната криза во Сирија. Аналитичарите велат дека отсуството на главните американски, руски и кинески дипломати ја истакнаа неспособноста на телото да стави крај на конфликтот. Петнаесетчлениот совет е оневозможен за каква било акција откако Русија и Кина ги блокираа трите резолуции поддржани од Запад кои го критикуваа сирискиот претседател Башар ал-Асад и се закануваа со санкции.
XS
SM
MD
LG