Достапни линкови

2600 странски студенти во Велика Британија ќе бидат депортирани


Повеќе од 2600 странски студенти во Велика Британија би можеле да бидат депортирани, бидејќи на Лондонскиот Метрополитен Универзитет е укината можноста да им гарантира визи на студентите кои потекнуваат од земји надвор од Европската Униј, соопшти владата во Лондон. Овој потег на конзервативната владапредизвика незадоволство кај студентите и закани дека последица би можело да биде штета за меѓународниот углед на Велика Британија.Британскиот министер за доселување Демиен Грин изјавил дека нивните истражувања покажале дека овој универзитет го изгубил статусот на висока доверба оти не поседувал документи дека студентите знаат англиски јазик и дека половината од нив ги посетувале предавањата. Според него, една четвртина од странските студенти немаат дозвола за престој во Британија.
XS
SM
MD
LG