Достапни линкови

logo-print

Штрајк на персоналот во Луфтханза


Синдикатот на кабинетскиот персонал на воздухопловната компанија Луфтханза соопшти дека неговите членови денеска ќе одржат осумчасовен штрајк. Овој е прв во низата по неуспешните преговори со фирмата за платите и условите во кои работат. Луфтханза информираше дека штрајкот би можел да предизвика непланирани доцнења на авионите и откажување летови, но засега не може да предвиди какви ќе бидат вистинските последици од штрајкот. Долгите линии се сепак приоритет и кога може, не би требало да бидат откажувани, соопштија од оваа авиокомпанија, сепак предупредувајќи на можното доцнење на летовите.
XS
SM
MD
LG