Достапни линкови

Закажан судскиот процес против војникот кој го снабдуваше Викиликс


Бредли Манинг

Бредли Манинг

Воениот процес против Бредли Манинг, американскиот војник кој е обвинет дека со тајни документи го снабдувал интернет сајтот Викиликс, ќе почне на 4 февруари во воената база Форт Мид во Мериленд. Датумот на судење е утврден откако претходно неколкупати беше одложуван. Судијата Денис Линд изјави дека судењето би требало да заврши до 15 март. Дваесет и четиригодишниот војник е обвинет дека од ноември 2009 година до мај 2010 на Викиликс му предал воени документи за војните во Ирак и Авганистан и на околу 260 илјади депешеа на Стејт департментот.
XS
SM
MD
LG