Достапни линкови

ММФ со поддршка за Грција


Пред враќањето на инспектори на Меѓународниот монетарен фонд во Грција следната недела, оваа институција изрази силна поддршка за презадолжената држава.
ММФ ја поддржува Грција и ќе продолжи да ја поддржува во нејзините напори да ја надмине економската криза, изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс.
Мисијата на т.н. тројка која има за цел утврдување напредок на Грција во примена на економски реформи, ќе влијае за исплата на следната транша од помошта од 31,5 милијарди евра, потенцираше Рајс.
XS
SM
MD
LG