Достапни линкови

Пиратите го ослободија грчкиот танкер


Пиратите го ослободија грчкиот танкер и членовите на екипажот, кој претходно оваа недела го киднапираа во близина на брегот на Того. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека пиратите задржале дел од горивото од танкерот за себе. Екипажот го сочинуваа 23 Руси и еден Грк. Рускиот министер за надворешни работи изјави дека танкерот ќе продолжи со своето патување.
XS
SM
MD
LG