Достапни линкови

МААЕ -Иран се подготвува за голема експанзија во збогатување ураниумот


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави извештај во кој се вели дека Иран се подготвува за голема експанзија во збогатувањето на ураниумот во подземните објекти. Кварталниот извештај на МААЕ посочува и на тоа дека „интензивните активности“ во воениот комплекс Парчин ќе ја попречат истрагата за нуклеарната програма на Иран, од страна на инспекторите на кои им е овозможен пристап.
Во извештајот се вели дека Иран произвел 189 килограми високо збогатен ураниум од 2010 година наваму, што бележи раст во споредба со произведените 145 килограми, колку што имало до мај, кога беше издаден претходниот квартален извештај. Исто така се удовил и бројот на центрифуги за збогатување на ураниум од 1064 на 2140. Иран негира дека произведува нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG