Достапни линкови

Каранфилов не се пласира во финалето во воздушен пиштол на Параолимпијадата


Македонскиот стрелец Ванчо Каранфилов не успеа да се пласира во финалето на стрелачкиот турнир на Параолимписките Игри во Лондон, во пукање со воздушен пиштол.
Во денешните квалификации во оваа дисциплина, Каранфилов погоди 553 кругови и се пласира на 22 место, во конкуренција на вкупно 32 натпреварувачи.
Утре на стрелиштето ќе се појави вториот наш параолимпиец, Оливера Наковска-Бикова во дисциплината воздушен писштол, што е нејзина специјалност. Таа на Параолимпијадата во Пекинг го освои петото место, а четири години пред тоа, во Атина беше шеста во финалето.
Каранфилов, пак, е параолимписки вицешампион од Игрите во Атина, пред осум години.
XS
SM
MD
LG