Достапни линкови

ЦУК - Во Македонија активни 13 пожари


Илустрација.

Илустрација.

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 16 часот на територија на Македонија биле регистрирани 13 активни пожари, а дел се ставени под контрола или локализирани.

Пожарот кај Националниот парк „Јасен“ е се уште активен. Пожарот повторно се враќа кон селото Нова Брезница. Зафатена е шума. Во гасење на пожарот учествуваат сите вработени од НП „Јасен“, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и екипи на Бригадата за противпожарната заштита на град Скопје. Во гаснење на пожарот итервенира и хеликоптер на АРМ.

Активени се пожарите кај село Зајас – Челиковци, на планината Кожув, во општина Новаци, општина Врапчиште, во Гостивар. Пожарот во општина Јегуновце се приближил кон село Вратница, а се шири и кон село Беловиште. Интервенираат вработени од ШС „Лешница“ - Тетово и месно население, но заради тешко пристапниот терен, гаснењето е отежнато. ЦУК соопшти дека е поднесено барање за интервенциј на авиони за гаснење на пожар.

Пожарот кај Негорци, во близина на Гевгелија е ставен под контрола.

Повторно е активен пожарот кај местото викано Осој, село Долно Јаболчиште во општина Чашка. Активен е и пожарот на местото местото викано Радуч над село Лакаица близу границата со Албанија. Пожарот потпомогнат од јужниот ветар се проширува кон Албанската територија, за што е известена и другата страна.

Во текот на денот избувнале нови пожари во Богомила, потоа на патот од Планинарски дом Караџица кон Бегово Поле и Солунска Глава, во општина Желино, во атарот на село Врпчиште, во реонот на село Нистрово, општина Мавро-Ростуше.
XS
SM
MD
LG