Достапни линкови

Забрана за странски воени бази во Узбекистан


Претседателот Ислам Каримов.

Претседателот Ислам Каримов.

Парламентот во Узбекистан денеска го одобри законот со кој се се забранува странски воени бази во земјата и гo отфрла членството во воена блокови. Законот го предложи претседателот Ислам Каримов. Исто така Собранието го ратификуваше договорот за воздушен транзит на американски летала за потребите во Авганистан. Во јуни, Узбекистан официјално го суспендираше своето членство во Организацијата за колективна безбедност предводена од Русија, која се состoи од голем број на поранешните советски републики. Секретарот на Организацијата Николај Бордужа изјави дека одлуката на Ташкент да се откаже од организацијата „ќе има негативни последици за Узбекистан.“
XS
SM
MD
LG