Достапни линкови

logo-print

Анти-Пакистан протести во Авганистан


Стотици Авганистанци денеска протестираат во Кабул изразувајќи ја загриженоста од бомбардирањата на пакистанските сили во источен Авганистан. Демонстрантите извикуваат анти-Пакистан слогани и бараат од авганистанската влада да им даде оружје за да може да помогнат во одбрана на провинцијата Кунар. Граѓаните велат дека пакистанските трупи често стрелаат на авганистанска територија, при што често на мета се локalните жители во тие погранични области. Претходно месецов, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за овие прашања разговараше со неговиот пакистански колега Асиф Али Зардари. Тие се согласија заеднички да формираат Комисија чија делегација ќе ги посети тие области . Но не е познато до каде е формирањето на таа заедничка комисија.
XS
SM
MD
LG