Достапни линкови

Адеми - Владата функционира во полн состав


Mинистерот за животна средина Абдилаќим Адеми.

Mинистерот за животна средина Абдилаќим Адеми.

Владата и коалицијата функционираат во полн состав, изјави денеска министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, кој доаѓа од редовите на ДУИ.
„Сметам дека коалицијата и Владата функционираат во полн состав. Нема никаков застој. Како што гледате имаме и редовни седници на комисии, на Влада и редовни активности на сите министерства, така што мојата констатација е дека Владата функционира во полн состав и коалицијата функционира исто така“, изјави Адеми одговарајќи на новинарско прашање во врска со кризата во владината коалиција.
XS
SM
MD
LG