Достапни линкови

Активни десет пожари во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

На територија на Македонија во моментов има десет активни пожари. Пожари има во општина Чашка, на планината Јабланица, во Струга, меѓу селата Челиковце и Горно Строгомиште, во општина Зајас, во општина Новаци. Пожари има во општина Гевгелија, општина Гостивар, во општина Кисела Вода кон Националниот парк „Јасен“, општина Прилеп, во општина Јегуновце и општина Врапчиште.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Пожарите ги гаснат пожарникарни екипи, луѓе од шумски претпријатија, од „Паркови и зеленило“, од Дирекцијата за спасување. На непристапаните места дејствуваат авионите на Дирекцијата и хеликоптер на АРМ.
XS
SM
MD
LG