Достапни линкови

Јеремиќ со познати советници ќе претседава со Генералното собрание на ОН


Вук Јеремиќ.

Поранешниот руски премиер Евгениј Примаков и поранешниот шеф на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос ќе му бидат советници на Вук Јеремиќ, кој го презема претседателствувањето со Генералното собрание на Обединетите нации.
Тие ќе ја извршуваат работа без плата.
Покрај нив советници на Јеремиќ ќе бидат и поранешниот претседател и министер за надворешни работи на Швајцарија Мишелин Калми-Реј, Хасан Вијаруда од Индонезија и Мигел Инсулза од Чиле, сега генерален секретар на Организацијата на американски држави.
Јеремиќ го презема претседателствувањето на 15 септември и неговиот мандат ќе биде една година.
XS
SM
MD
LG