Достапни линкови

Нејасна заложничка драма во Грузија


Грузијскиот претседател Михаел Саакашвили во денешното телевизиско обраќање изјави дека нестабилноста во соседните земји нема да се одрази врз стабилноста на Грузија. До обраќањето на Саакашвили доаѓа додека грузијските сили ја продолжуваат потрагата по милитантите кои влегле во Грузија од соседен Дагестан и зеле грузијски државјани како заложници. Во вчерашните борби во близина на дагестанско – грузијската граница, 11 милитанти биле убиени, загинале тројца припадници на грузијските сили, а биле ослободени 10-мина грузијци кои беа заложници. Сеуше не е јасно дали има уште заложници и не се познати мотивите за овој инцидент.
XS
SM
MD
LG