Достапни линкови

logo-print

Меркел ги убедува кинезите дека ЕУ ќе се извлече од кризата


Кина е загрижена од влошувањето на кризата во еврозоната, но ќе продолжи да инвестира во Европската Унија, изјави денеска во Пекинг кинескиот премиер Вен Џибао по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел. Меркел допатува денеска во Пекинг на разговори со кинеските претставници за проширување на економската соработка и за финансиската криза во Европа. Џибао изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да најде баланс меѓу острите мерки за штедење и еконоскиот развој. Меркел и Џибао присуствуваа и на потпишувањето повеќе трговски договори, вредни неколку милијарди долари.
XS
SM
MD
LG