Достапни линкови

logo-print

Сирија повторно пред Советот за безбедност на ОН


Сириски бегалци во Јордан.

Сириски бегалци во Јордан.

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Советот за безбедност на ОН денеска треба да се состанат на разговори за ситуацијата во Сирија.

Пред заминувањето во Њујорк, турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека ќе притиска Советот за безбедност да отвори засолништа во внатрешноста на Сирија да ги заштити илјадниците луѓе кои бегаат од насилствата. Има околу 80 илјади сириски бегалци во Турција и околу 130 илјади во други земји.

Францускиот амбасадор во ОН Жерар Аро изјави дека Советот за безбедност останува „длабоко поделен“, но изрази надеж дека 15 земји членки ќе постигнат согласност за хуманитарните прашања.

Русија и Кина неколку пати ставаат вето на резолуциите за Сирија, нагласувајќи дека се противат на каква било акција на која може да се гледа како надворешна интервенција за промена на сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG