Достапни линкови

Рајан вети пресврт за САД ако победат Републиканците


Кандидатот за потпретседател на САД, конгресменот Пол Рајан од Висконсин.

Кандидатот за потпретседател на САД, конгресменот Пол Рајан од Висконсин.

Кандидатот за потпретседател на САД, конгресменот Пол Рајан од Висконсин, вети „пресврт“ за САД во говорот на партиската конвенција на Републиканската партија во Тампа, Флорида. Тој рече дека републиканскиот кандидат за претседател Мит Ромни „нема да бега од тешките проблеми“. Рајан е автор на економскиот план на Републиканците со кој се предвидуваат големи намалување на буџетските социјални програми.

Претходно, говорниците на конвенцијата го обвинија претседателот Обама дека не го одржал ветувањето дека ќе ја врати економската виталност и оти ќе ја намали невработеноста во земјата.

За денеска е предвидено обраќањето на претседателскиот кандидат Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусец. Тој ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама на претседателските избори во ноември. Според последните анкети, претседателската трка ќе биде многу неизвесна.

Демократската партија на Обама ќе ја одржи својата конвенција наредната недела во Северна Каролина.
XS
SM
MD
LG