Достапни линкови

logo-print

Заложничката драма во Грузија продолжува


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили вети дека ќе спречи прелевање на нестабилноста од соседните земји во Грузија. Тој, повикувајќи се на разузнавачки извештаи, изјави дека повеќето од милитантите кои држеа заложници во клисурата Лопота на границата со Русија се убиени.

Грузиското министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека 11 милитанти биле убиени во операцијата за ослободување на заложниците во близина на границата со Русија. Во операцијата загинале тројца грузиски војници, а петмина биле повредени. Активностите за ослободување на заложниците продолжуваат.

Милитантите веројатно влегле во Грузија од немирната руска Република Дагестан. Мотивите за земањето заложници сè уште се непознати.
XS
SM
MD
LG