Достапни линкови

Руски морнари киднапирани од пирати


Илустрација.

Илустрација.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Руси го сочинувале екипажот на грчкиот брод што завчера го заробија пирати во близина на брегот на Того. Екипажот на бродот го сочинувале 23 Руси и еден државјанин на Грција. Танкерот превезувал околу 50 илјади тони нафта. Рускиот министер за надворешни работи соопшти дека животите на руските членови на екипажот не се во опасност и дека руските амбасади во земјите на Западна Африка се во контакт со локалните власти и работат на тоа морнарите да бидат ослободени.
XS
SM
MD
LG