Достапни линкови

Убиени тројца војници на НАТО во Авганистан


Архивска фотографија: Австралиски војник во Авганистан.

Архивска фотографија: Австралиски војник во Авганистан.

Човек во униформа на авганистанската армија застрелал тројца војници на НАТО, соопшти Алијансата. Австралиските власти подоцна соопштија дека загинатите се нивни војници. Во провинцијата Орузган во јужен Авганистан каде што се случил нападот служат околу 1.500 австралиски војници.

Нападот е последен во низата на т.н. „инсајдерски напади“, односно кога на странските војници пукаат луѓе во униформа на авганистанските сили. Досега во вакви напади само оваа година загинаа најмалку 45 војници, главно Американци.
XS
SM
MD
LG