Достапни линкови

logo-print

Отворена Параолимпијадата во Лондон


Во Лондон синоќа беше отворена Летната Параолимпијада на која ќе учествуваат повеќе од 4.000 спортисти со телесна попреченост. Параолимпијадата за отворена ја прогласи Кралицата Елизабета. Во церемонијата на отворањето учествуваше и британскиот научник Стивен Хокинг, авторот на „Кратка историја на времето“, кој поради болест поголемиот дел од својот живот го помина во инвалидска количка.

Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Филип Крејвен, рече дека Игрите се „прослава на човечкиот дух, кој има енергија да го промени секој човек“.

Параолимпијадата за спортисти со телесна попреченост се одржува непосредно по Олимписките игри и тоа во истиот град-домаќин. Во текот на 11 дена, колку што ќе траат Игрите, ќе се натпреваруваат повеќе од 4.200 спортисти од 166 земји во 20 спортови.
XS
SM
MD
LG