Достапни линкови

Временска прогноза - Сончево и топло со слаб ветaр


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Изутрина е посвежо, а дневната температурата ќе се движи од 27 до 36 степени. Во Скопје слично време со температура до 32 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Стабилно, суво и топло време ќе продолжи и во наредните денови. За време на викендот ќе има зголемување на облачноста особено во крајните западни делови каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурата без поголеми промени.
XS
SM
MD
LG