Достапни линкови

Шпански авион приземјен од холандски „ловци“


Илустрација.

Илустрација.

Недоразбирање меѓу пилотот на една шпанска авиокомпанија и контролата за летање во Амстердам доведе до тоа холандските власти да испратат авиони ловци Ф-16 да го пресретнат авионот. Холандската полиција соопшти дека тревогатa уследила откaко бил прекинат контакт со авионот. Авионот, кој летал од Малага, Шпанија до Амстердам со околу 180 патници, бил опкружен со авионите на холандските безбедносни сили при слетувањето во Амстердам.

Портпаролката на шпанскиот превозникот „Вуелинг“ рече дека не постоела никаква опасност и дека проблемот настанал поради недостиг на комуникација меѓу пилотот и контролната кула. Локалните медиуми пренесува изјави на патници од авионот кои велат дека ништо невообичаено не се случило.
XS
SM
MD
LG