Достапни линкови

Над 1.300 гледачи на Патувачкото кино


Патувачко кино на Македокс во Малешевијата.

Патувачко кино на Македокс во Малешевијата.

Над 1.300 гледачи од осум места во Малешевијата ги проследија проекциите на третото Патувачко кино што како организатор го потпишува Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Со идеја онолку колку што се може да се придонесе во децентрализацијата на културата, а наедно да се популаризира документарната форма во места каде што последните кино-проекции се случиле пред неколку децении, во текот на август се одржа третото „Патувачко кино“ зад кое стои Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.
Она што не привлекува таму е можеби нашата желба и љубов за враќање кон природата, за спојување на културата со едноставните вредности, едноставните работи и гледаме дека тоа функционира. Веќе трета година секаде каде што одиме, мали се местата и со едно поминување во селото веќе сите знаат дека вечерта кај нив ќе има кино и едноставно луѓето пијат од екранот. Не им се случува такво нешто често и реакциите што ги добиваме навистина се прекрасни и тоа не движи да патуваме одново и одново.

Годинава македонските документаристи посетувајќи две гратчиња и шест села ги следеа стапките на Димитар Станоев – Мискеџијата, родум од Пехчево, кој во 1933 година минал низ безмалку сите населени места во Малешевијата и прикажувал филмови за без пари.
Патувачко кино на Македокс во Малешевијата.

Патувачко кино на Македокс во Малешевијата.


Киријана Николовска, директорка на „Македокс“, вели дека кога го планирале фестивалот првичната идеја им била да не биде во Скопје туку да биде во некој друг град од земјава затоа што сметале дека Скопје понекогаш е загушено со културни настани. Се двоумеле некое време, за да конечно одлучат проектот да го конципираат на тој начин што во Скопје ќе се случува централниот меѓународен фестивал, а после неговото одржување да направат патувачко кино, всушност да ја продолжат традицијата на на „магарешкото кино“ кога старите дистрибутери на Балканот на магаре носеле проектори и оделе од едно село во друго и прикажувале пропагандни филмови. Таа дополнува дека тие сега на мештаните им носат документарни филмови со чие прикажување имаат намера малку од малку да го сменат секојдневието на тие луѓе.
Минатата година филмот за тоа како се правел памукот и за одгледувањето на свилената буба во Гевгелија беше одлично примен затоа што тие луѓе од тоа живеат. Или, пак, филмот за неимарите од Вевчани бече неверојатно пречекан. Тие луѓе си ги препознаа своите роднини кои пред многу години кај месноста Плачикруша ги испраќале печалбарите.

„Она што не привлекува таму е можеби нашата желба и љубов за враќање кон природата, за спојување на културата со едноставните вредности, едноставните работи и гледаме дека тоа функционира. Веќе трета година секаде каде што одиме, мали се местата и со едно поминување во селото веќе сите знаат дека вечерта кај нив ќе има кино и едноставно луѓето пијат од екранот. Не им се случува такво нешто често и реакциите што ги добиваме навистина се прекрасни и тоа не движи да патуваме одново и одново.“

Николовска забележува дека тие на овој начин едуцираат публика која што ја навикнуваат на кино-документарниот филм и дека притоа реакциите на присутните на проекциите се различни.

„Гледаме да направиме избор кој што е соодветен за даденото место. Понекогаш гапот или бездната помеѓу нивното секојдневие и она што го гледаат е огромна, некогаш е многу блика, но битно е што се остварува конекцијата.“

Како пример за тоа таа наведува дека главно поврзувањето се остварува преку старите документарни филмови што ги добиваат од Кинотека на Македонија и за кои изборот го прави Илинденка Петрушевска.

„Минатата година филмот за тоа како се правел памукот и за одгледувањето на свилената буба во Гевгелија беше одлично примен затоа што тие луѓе од тоа живеат. Или, пак, филмот за неимарите од Вевчани бече неверојатно пречекан. Тие луѓе си ги препознаа своите роднини кои пред многу години кај месноста Плачикруша ги испраќале печалбарите“, вели Николовска.

Инаку, по сумирањето на резултатите од фестивалот и патувачкото кино и по реализацијата на актуелниот проект за деца, од „Македокс“ велат дека ќе ги почнат подготовките за догодина за кога планираат да патуваат во селата од преспанскиот крај.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG