Достапни линкови

СДСМ побара интерпелација на претседателот на Регулаторната за енергетика


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

СДСМ до Собранието поднесе барање за интерпелација на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров, изјави денеска координаторот на пратеничката група Игор Ивановски.
Барањето за интерпелација е поднесено бидејќи, Владата досега не се изјаснила за нивниот предлог за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата, рече Ивановски.

СДСМ обвини дека Регулаторната комисија во услови на економска криза и сиромаштија одлучува спротивно на својата функција и интересите на граѓаните, со што предизвика инфлаторна спирала, и поскапување храната, лебот, маслото и останатите основни животни продукти.
XS
SM
MD
LG