Достапни линкови

Ќе има ли одговорност за Слупчане?


Министерството за одбрана ги упатува сите заинтересирани институции и луѓе во врска со утврдувањето на дисциплинска одговорност за настанот во Слупчане, на Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ.
Министерството смета дека нема прекршување на процедурите. Во нивното соопштение се наведува дека ставот на Министерството за одбрана е познат за настанот во Слупчане и веќе нема да го коментираат.

Претходно заменик министерот за одбрана Емил Димитриев за МИА изјави дека во врска со настанот во Слупчане има повеќе основи за поведување дисциплинска одговорност. Првите чекори за поведување постапка кон овие лица се преземени и лично очекувам соодветно да бидат казнети, изјава тој. Станува збор за унфирмирани лица на АРМ кои во придружба на министерот за одбрана Фатмир Бесими посетија споменик на ОНА.
Вчера и претседателот на и врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов изјави дека очекува против лицата кои учествувале во настанот во Слупчане да бидe преземена одговорност бидејќи е строго пропишано кој може да носи униформа и кога да носи униформа.
XS
SM
MD
LG