Достапни линкови

Грузиските сили ги ослободија заложниците


Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека тројца воени офицери биле убиени, а петмина повредени во борбите со група милитанти кои зеле заложници во клисурата Лопота. Министерството соопшти дека 11 милитанти се убиени во борбите. Милитантите влегле во Грузија од соседната руска република Дагестан. Официјалните власти соопштија дека грузиските безбедносни сили се борат со милитантите од синоќа и сега успеале да ги ослободат сите 10 заложници. Мотивите на киднаперите остануваат нејасни.
XS
SM
MD
LG