Достапни линкови

Асад- на војската и е потребно време за да победи


Сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека на неговата армија и е потребно повеќе време за да ја добие војната против опозициските сили. Во интервју за една приватна сириска телевизија, Асад изјави дека владините сили се „движат напред“, но дека се уште не е одлучено за исходот од војната. Тој изјавил дека тие се борат, но дека е потребно време за да победат. Во земјата судирите почна пред 18 месеци. Денеска владините сили и бунтовниците се борат на неколку фронтови вклучувајќи го и најголемиот град Алепо, во северозападната провинција Идлиб и во источната Деир Езор. Активистите велат дека околу 25 илјади луѓе се убиени од почетокот на конфликтот кој избувна во март 2011 година. Обединетите нации соопштија дека повеќе од 214 илјади луѓе побегнале од конфликтот во соседните земји.
XS
SM
MD
LG