Достапни линкови

logo-print

АИ- Балканските држави да ги решат случаите со исчезнатите во војните


Организацијата за човекови права Амнести интернешнал побара од властите во балканските држави да ја истражат судбината на околу 14 илјади луѓе кои се уште се водат за исчезнати од конфликтите во регионот во текот на 90-те години на минатиот век. Од Амнести интернешнал повикуваат и властите да ги казнат оние кои се одговорни за исчезнувања. Од организацијата го издадоа овој повик по повод „Меѓународниот ден на исчезнатите.“
Во соопштението се вели дека на Балканот се уште не е затворено прашањето со исчезнатите луѓе. Претставникот на Амнести интернешнал одговорна за Европа и Централна Азија Језерка Тигани, ги повика владите да се осигураат дека „на сите жртви и на нивните семејства им е овозможен пристап до правдата.“ Во соопштението се обвинуваат властите во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово за неуспехот „да ги почитуваат своите меѓународни правни обврски за ефикасна истрага и кривично гонење“ во случаите со исчезнати лица.
XS
SM
MD
LG