Достапни линкови

Димитриев: Одговорност за униформираните лица во Слупчане


Во врска со настанот во Слупчане има повеќе основи за поведување дисциплинска одговорност. Првите чекори за поведување постапка кон овие лица се преземени и лично очекувам соодветно да бидат казнети, изјава за МИА заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.Станува збор за унфирмирани лица на АРМ кои во придружба на министерот за одбрана Фатмир Бесими посетија споменик на ОНА.
Вчера и претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов изјави дека очекува против лицата кои учествувале во настанот во Слупчане да бидe преземена одговорност бидејќи е строго пропишано кој може да носи униформа и кога да носи униформа.
XS
SM
MD
LG