Достапни линкови

Одбојкарите бркаат пласман на Европско првенство


Илустрација.

Илустрација.

Во националниот тим се свесни дека ривалите не се за потценување, но и се убедени дека со колективна игра можат секого да победат.

Само од нас зависи дали конечно Македонија ќе се пласира на едно ЕП во одбојка. Со ваква мисла, избраниците на селекторот Александар Тасевски се подготвуваат за септемвриските квалификации за ЕП во Данска и во Полска(20-29.09.2013 година).
Чешка е фаворит, меѓутоа имаат смена на генерации, не се и тие најсјајни како што беа пред 3-4 години. Можеме да ги победиме. Австрија не е ништо посебно. Додека пак Хрватска, ќе дојдат нејзините најголеми ѕвезди, меѓутоа индивидуалците не прават тим. Затоа наша предност би требало да биде, за тоа и разговаравме, дека треба да бидеме тим, сите заедно. Ние сме добри индивидуалци, меѓутоа сега сето тоа треба да го преточиме во тим. И ако успееме во тоа, резултатот ќе дојде.

Патот дотаму води преку групата Ц, односно турнирите во Виена (06-09 септември) и во Острава (13-16 септември), каде што по двапати ќе ги одмериме силите со Чешка, Австрија и Хрватска. Виза за ЕП добива репрезентацијата која по двата турнира ќе го освои првото место, а второпласираната, за пат на ЕУРО ќе треба да слави победа во дополнителен бараж двомеч, во мај наредната година.
Илустрација.

Илустрација.


Во националниот тим се свесни дека ривалите не се за потценување, но и се убедени дека со колективна игра можат секого да победат.

„Чешка е фаворит, меѓутоа имаат смена на генерации, не се и тие најсјајни како што беа пред 3-4 години. Можеме да ги победиме. Австрија не е ништо посебно. Додека пак Хрватска, ќе дојдат нејзините најголеми ѕвезди, меѓутоа индивидуалците не прават тим. Затоа наша предност би требало да биде, за тоа и разговаравме, дека треба да бидеме тим, сите заедно. Ние сме добри индивидуалци, меѓутоа сега сето тоа треба да го преточиме во тим. И ако успееме во тоа, резултатот ќе дојде“, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Сите сме оптимисти, посебно бидејќи знаеме колку не деградираат кога одиме по Европа да играме по клубовите. Кога ќе кажете Македонија, сите мислат ’таму се игра ли одбојка‘.

Тој е задоволен од сработеното во изминатите тринеделни подготовки, но и признава дека формата треба да се подобри за уште 40-ина проценти. Овој минус е голем, но репрезентативниот коректор не се сомнева дека претстојните еднонеделни подготовки, во кои ќе одиграме и три контролни дуели со турскиот клуб Мили Пјанго ќе бидат доволни за негово анулирање, а потоа и за исполнување на целта. Адут за таквиот оптимизам му е и позитивната атмосфера во националниот тим, каде што сите горат од желба, со пласман на ЕУРО да возвратат на потценувачкиот однос со кој се соочуваат вон нашите граници.

„Сите сме оптимисти, посебно бидејќи знаеме колку не деградираат кога одиме по Европа да играме по клубовите. Кога ќе кажете Македонија, сите мислат ’таму се игра ли одбојка‘. Значи сакаме да го дадеме нашето најдобро и мислам дека се гледа дека секој од нас е посветен на работата што ја работи, е одлучен во намерата, имаме цел пред себе и секој ден работиме напорно за да ја оствариме таа цел - пласман на ЕП. Се надевам дека ако не за 20-ина дена, тогаш во мај најдоцна, кога е баражот, ќе ја израдуваме цела Македонија“, додаде Никола Ѓорѓиев.

Инаку, кога е во прашање баражот, во него, вториот од нашата група, ќе се сретне со второпласираната селекција од групата во која се Словенија, Германија, Украина и Шведска.
XS
SM
MD
LG