Достапни линкови

Министерот Попоски кај македонците во Голо Брдо - Албанија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе ја посети пограничната област Голо Брдо во Република Албанија, населена претежно со припадници на македонското национално малцинство.
Како што соопшти МНР, тој ќе има средби со претставници на локалното македонско население, вклучително активистите на македонската партија во Република Албанија – Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ), како и невладините организации „Илинден“ и „Мост“ чии главни активности се негувањето на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет во областа Голо Брдо.
Главен фокус на разговорите со локалната власт во Требиште ќе биде забрзување на проектите за подобрување на патната инфраструктура на Голо Брдо, и воедно поврзувањето на областа со Република Македонија преку постигнување на целосната функционалност на граничниот премин Џепиште - Требиште.
XS
SM
MD
LG