Достапни линкови

Ромни версус Обама


Мит Ромни и сопругта Ен Ромни.

Мит Ромни и сопругта Ен Ромни.

Републиканците и официјално го номинираа Мит Ромни за кандидат за претседател на САД. Тој на ноемвриските избори ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама. Според последните истражувања на јавното мислење, трката меѓу Обама и Ромни ќе биде неизвесна.

Поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни и официјално е избран за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори што ќе бидат одржани во ноември годинава. На партиската национална конвенција во Тампа, Флорида, Ромни го помина потребниот праг од 1.144 гласови и ќе му се спротивстави на актуелниот претседател на САД Барак Обама.

Сопругата на Ромни, Ен, во говорот на конвенцијата изјави дека никој нема да работи и да се грижи повеќе од Мит Ромни за да ја направи земјата подобро место за живеење.
Дозволете ми да им порачам на американците кои размислуваат за тоа кој треба да биде следен претседател. Никој нема да работи понапорно и да се грижи повеќе и да ги преврти и небото и земјата за да ја направи подобро место за живеење од Мит Ромни.

„Дозволете ми да им порачам на Американците кои размислуваат за тоа кој треба да биде следен претседател. Никој нема да работи понапорно и да се грижи повеќе и да ги преврти и небото и земјата за да ја направи подобро место за живеење од Мит Ромни.“

За кандидат за потпретседател од Републиканската партија е избран конгресменот Пол Рајан. Денеска се очекува обраќањето на Рајан, а утре на конвенцијата ќе говори кандидатот за претседател на САД Мит Ромни.

Критики до Обама

На конвенцијата во Тампа, лидерите на Републиканците ја критикуваа економската политика на актуелниот претседател Барак Обама, поради високата невработеност и буџетскиот дефицит. Тие ја одобрија партиската платформа за кратење на даноците со цел да се стимулира економијата.
Конвенцијата во Тампа

Конвенцијата во Тампа


Тие го отфрија планот на претседателот за здравствениот систем и се заложија за забрана на абортусот. Ринс Прибиус, преседавач на Републиканскиот национален комитет, предупреди дека евентуалниот реизбор на Обама ќе значи уште четири години неуспех. Републиканските кандидати, како Дебра Форест од Аризона си ги фалеа своите кандидати Ромни и Рајан.

„Јас сум возбудена што сум тука и мислам дека Мит Ромни е феноменален лидер. Тој ќе направи економски пресврт. Тој е храбар и ќе биде нов американски претседател.“

Според последните истражувања на јавното мислење, трката меѓу Обама и Ромни ќе биде неизвесна. Демократите нивната конвенција ќе ја одржат следната недела во Северна Каролина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG