Достапни линкови

logo-print

Мит Ромни и официјално кандидат за претседател на САД


Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и официјално е избран за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори што ќе се одржат во ноември. На партиската национална конвенција во Тампа, Флорида, Ромни го помина потребниот праг од 1144 гласови и ќе му се противстави на актуелниот претседател на САД Барак Обама. За кандидат за потпретседател е избран конгресменот Пол Рајан.
Сопругата на Ромни, Ен, во говорот на конвенцијата изјави дека никој нема да работи и да се грижи повеќе од Мит Ромни за да ја направи земјата подобро место за живеење.
Денеска се очекува обраќањето на Рајан, а утре на конвенцијата ќе говори кандидатот за претседател на САД Мит Ромни.
XS
SM
MD
LG