Достапни линкови

Ураганот Исак денеска се очекува да го погоди Њу Орлеанс


Ураганот Исак предизвика лизгање на земјиште во југоисточниот дел на американската сојузна држава Луизијана и се движи кон Њу Орлеанс. Ураганот, кој го погоди крајбрежниот регион со ветрови со брзина од над 130 километри на час, денеска се очекува да стигне во Њу Орлеанс, седум години откако ураганот Катрина го разурна овој град. Властите не наредија евакуација, но побараа од граѓаните да ги зајакнат своите домови и да обезбедат залихи од основните потреби.
Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во Луизијана и Мисисипи, дозволувајќи федералните фондови да им бидат на располагање на локалните власти.
Како последица од Исак досега загинаа најмалку 24 лица на Хаити и Доминиканската Република, а ураганот предизвика значителни штети и поплави и на Карибите.
XS
SM
MD
LG