Достапни линкови

Во Франција отворена истрага за убиство на Јасер Арафат


Јасер Арафат

Јасер Арафат

Француските обвинители отворија истрага за убиство на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат. Официјални лица соопштија дека обвинителите се согласиле да почнат истрага, но допрва треба да се одреди истражен судија.
Семејството на Арафат го отвори случајот во јули годинава, откако швајцарски научници нашле значителни траги на радиоактивниот елемент полониум-210 на некои предмети на Арафат. Медицинските извештаи за Арафат, кој почина во француска воена болница во 2004 година на 75- годишна возраст, велеа дека имал мозочен удар како последица на нарушувања на крвта. Сепак, многу Палестинци веруваат дека тој бил отруен од Израел, бидејќи бил пречка за мирот.
XS
SM
MD
LG