Достапни линкови

Се очекува одлука на Украинскиот Врховен суд за жалбата на Тимошенко


Украинскиот Врховен суд денеска се очекува да ја објави одлуката во врска со жалбата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко на пресудата со која беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената должност.
Според владата, договорот што го потпишала Тимошенко за купување гас од Русија, ги поткопувал националните интереси на Украина.
Адвокатите на Тимошенко, пак, тврдат на судењето дека договорот со Русија бил политички акт кој не претставува кривично дело. Поранешната премиерка смета дека е жртва на политичката одмазда на сегашниот претседател на Украина Виктор Јанукович, кој ја победи на претседателските избори во 2010 година.
XS
SM
MD
LG