Достапни линкови

Продолжува крвопролевањето во Дагестан- 15 загинати


Муслиманскиот верски лидер Саид Афанди и петмина негови следбеници се убиени вчера во самоубиствен напад во руската република Дагестан. Полицијата соопшти дека нападот го извршила жена чиј идентитет засега не е познат.
Претходно во оваа република еден граничар отворил оган врз негови колеги во касарната, при што убил седуммина, а потоа се самоубил. Засега ништо не укажува на поврзаност меѓу двата инцидента, а Интерфакс пренесува извори дека граничарот убиец бил најверојатно регрутиран од екстремисти.
Судири со екстремисти и напади врз полицијата се случуваат речиси секојдневно во оваа кавкаска република.
XS
SM
MD
LG