Достапни линкови

Албанскиот амбасадор во Македонија на средба со лидерите на албанските партии


Албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку денеска во Тетово оствари одвоени средби со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи.
„Стабилноста на Македонија е многу значајна, заедно со продолжувањето и интензивирањето на евроатланската интеграција, продлабочувањето на соработката меѓу албанските политички парти и оние неалбанските, како и спроведувањето на Охридскиот договор, изјави Чејку по средбата со Ахмети.
Соговорници размениле мислења и околу досегашниот тек на заедничките проекти меѓу Албанија и Македонија во областа на економијата, транспортот, туризмот и други сфери.
На средбата меѓу Чејку и Тачи било разговарано за последните политички случувања во земјава, при што албанскиот амбасадор ја поздравил конструктивната улога на ДПА и за соработката меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG