Достапни линкови

Белгија- ослободена сопругата на педофилот Дутрокс


Белгискиот Врховен суд денеска ја олободи поранешната сопруга и соучесник на осудениот педофил и убиец Марк Дутрокс. Судот во Белгија ги отфрли двете жалби, една од татко на една од жртвите и другата од страна на обвинителите, како неприфатливи или неоснована. Со тоа ја прифати одлуката на регионалниот суд за ослободување на Мишел Мартин која отслужи 16 од вкупно 30 години на колку што бешe осудена. На Мишел Мартин која сега има 52 години и е понуден нов дом во еден манастир. Таа бешe осудена затоа што на својот сопруг му помагала да киднапира и да силува шест девојчиња во деведесетите години на минатиоt век. Четири од девојките починале.
XS
SM
MD
LG