Достапни линкови

Ван Ромпуј - членството на Грција во еврозоната „неотповикливо“


Членството на Грција во еврозоната е „неотповикливо“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј за време на својата посета на Шпанија.
„Нека нема сомнеж во тоа дека еврото е неотповикливо, исто како и членството на Грција во еврозоната, истакна Ромпуј на заедничката прес-конференција во Мадрид со шпанскиот премиер Мариано Рахој.
„Само со примена на одлучни мерки во секоја земја посебно и со заеднички акции, ќе успееме оваа криза да ја оставиме зад нас“, порача Ромпуј.
Шпанскиот премиер нагласи дека излезот на Грција од монетарната унија би претставувало колективен неуспех на Европа.
XS
SM
MD
LG