Достапни линкови

logo-print

Каталонија бара 5 милијарди евра за да не банкротира


Каталонија е третиот шпански регион кој побара финансиска помош од централната власт за да избегне банкрот. Североисточниот регион денеска објави дека бара 5 милијарди евра спасувачки пакет од специјалниот фонд основан од страна на шпанската влада да им помогне на најзадолжените региони на земјата. Фондот тежи 18 милијарди евра. Претходно регионите Валенсија и Мурсија побара финансиска помош. Долговите на шпанските провинции предизвика стравови дека можеби Шпанија ќе треба да бара суверена финансиска помош од своите партнери од еврозоната. Барање на Каталонија за помош се совпаѓа со посетата на Мадрид од страна на претседателот на Европската унија, Херман ван Ромпуј. Тој со шпанските власти треба да разговара за должничка криза во еврозоната.
XS
SM
MD
LG