Достапни линкови

Дачиќ- Србија да добие датум за ЕУ најдоцна следната година


Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Целта на Србија е да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа или најдоцна во првата половина од следната година, порача денеска српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Тој истакна дека пораката на известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин дека Србија нема да добие датум оваа година ја разбира како негова проценка.

Кацин за време на средбата изјавил дека датумот за почеток на преговори на Србија со ЕУ нема да биде оваа година, „а ќе биде објавен кога земјата ќе покаже докази дека е подготвена за процесот на членство во Унијата“.

Српскиот премиер додаде дека неговиот денешен разговор со Кацин бил конструктивен, истакнувајќи дека внатрешните реформи се интерес на Србија, и таа поради тоа мора да продолжи да работи на нив, а не само затоа што тоа е барање на ЕУ.
XS
SM
MD
LG