Достапни линкови

logo-print

Азербејџан- судски процес против шпиони за Иран


Во Азербејџан денеска им се суди на 22 луѓе за планирање терористички напади врз американската и израелската амбасада во Баку. Осомничените се уапсени во март и обвинети за врски со Иранската револуционерна гарда. Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека при претрес на осомничените од нив биле одземени пушки, пиштоли и експлозивни направи. Судењето се одржува зад затворени врати.

Односите меѓу Техеран и Баку се нарушени од февруари годинава, по објавувањето дека Азербејџан купи оружје од Израел во вредност од 1,6 милијарди долари. Исто така, во февруари, Иран го обвини Азербејџан дека им дозволува на израелски шпиони да ја употребат нејзината територија, а Азербејџан уапси многу луѓе, велејќи дека тие се поврзани со Иран и планираат напади во Азербејџан.
XS
SM
MD
LG