Достапни линкови

Иванов- дијалогот решение на кризата во владеачката коалиција


Решението на различните гледишта меѓу коалиционите партнери треба да се најде преку дијалог, изјави претседателот Ѓорге Иванов коментирајќи ја кризата во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Toj вели дека однесувањето на владините партнери треба да биде одговорно и во интерес на македонските граѓани

Што се однесува на луѓето кои во армиска униформа присуствуваа на положување цвеќе во Слупчане, Иванов рече дека тие треба да понесат одговорност. Toj како врховен командант на вооружените сили наредил да се спроведе истрага и Генералштабот на АРМ констатирал дека Армијата нема никаков удел во настанот во Слупчане, односно дека била злоупотребена армиската униформа и го довеле до заблуда населението да мисли дека армијата присуствува на тој чин.
XS
SM
MD
LG