Достапни линкови

Куп документи за промена на презиме и адреса


Илустрација.

Илустрација.

Битолчани се жалат дека долго траат процедурите за вадење или замена на лични документи со промена на име, презиме или адреса.

Битолчани се жалат дека долго траат процедурите за вадење или замена на лични документи со промена на име, презиме или адреса. Со овој проблем најчесто се соочуваат иселениците, брачните парови кои имаат нова адреса на живеење, како и сопругите кои го прифатиле презимето на мажот. Вакви постапки најчесто се покренуваат преку лето кога во тек се летните одмори, а воедно зголемен е и бројот на склучени бракови.
Јас веќе неколку месеци наназад се обидувам да стигнам до нова биометриска лична карта со промена на адреса. За да се промени адресата треба еден куп документи да се соберат од различни институции. Процедурата е сложена и тешка, начин кој што сметавме или ни тврдат дека е надминат одамна. Ако сакате да ја промените адресата на живеење потребни се извод од матична книга, потоа имотни листови. Не дај Боже, да има во имотниот лист некоја грешка, потоа треба уверение за куќен број, па да се добие решение за конечно да се стигне на сликање. Ако на која било од институциите на шалтерите немате некој познат, сосед или пријател, процедурата ќе трае со месеци.

„Јас веќе неколку месеци наназад се обидувам да стигнам до нова биометриска лична карта со промена на адреса. За да се промени адресата треба еден куп документи да се соберат од различни институции. Процедурата е сложена и тешка, начин кој што сметавме или ни тврдат дека е надминат одамна. Ако сакате да ја промените адресата на живеење потребни се извод од матична книга, потоа имотни листови. Не дај Боже, да има во имотниот лист некоја грешка, потоа треба уверение за куќен број, па да се добие решение за конечно да се стигне на сликање. Ако на која било од институциите на шалтерите немате некој познат, сосед или пријател, процедурата ќе трае со месеци“, вели битолчанецот Менде К.

Слично искуство имале и други битолчани.

„Сопругата го менуваше презимето и адресата на живеење. Еден куп документи од различни места требаше да извадиме. Многу протоколарни работи. Со недели бркавме работа, па фатија и летни одмори“, вели Јован Јовановски.

Битолчани стравуваат дека промената на имињата на улиците дополнително ќе ја усложни постапката.

„Новите имиња на улиците во Битола треба да поминат уште еднаш на седница на општина, па ако некој е во процедура на вадење на документи ќе треба да причека, доколку не сака потоа десет години да чека за во личните документи да ја промени адресата на која живее.“

Од надлежните институции велат дека процедурата се спроведува според пропишаните закони, во кои прецизно е предвидена потребната документација. Доколку се направи измена на името и на адресата, издавањето на лични документи може да се спроведе и по итна постапка за неколку дена.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG