Достапни линкови

Ирак со предупредување до Иран и Турција за водата


Ирак ги предупреди своите соседи Иран и Турција да не ја игнорираат потребата на Ирак за вода. Министерот за трговија на Ирак во интервју за ирачкиот сервис на Радио Слободна Европa вели дека нема да ги потпишат билатералните договори за трговија со Иран се додека не се реши прашањето за водата. Иран го запре снабдувањето на Ирак со вода, а тоа влијае врз земјоделството во неколку области. Ирачииот министер вели дека за ова прашање со години дискутираат со соседите Иран и Турција, но до сега ништо не е решено. Ирак се снабдува со вода од Турција, Сирија и од Иран.
XS
SM
MD
LG